Холандскиот напаѓач, Мемфис Депај  кариерата ќе ја продолжи во бразилски Коринтијанс, објави новинарот Фабрицио Романо.

Депај (30) ги поминал медицинските прегледи во Ајндховен пред да замине во Сао Паоло и ќе потпише двегодишен договор со бразилскиот клуб, до лето 2026 година.

Холандскиот фудбалски репрезентативец минатата сезона настапуваше за Атлетико Мадрид, кој го напушти летото.

Во сезоната 2023/24 во Ла Лига, Депај одигра 23 натпревари, на кои постигна пет голови и додаде една асистенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.