Британските медиуми објавија синоќа дека премиерлигашките клубови Челзи и Арсенал се договориле околу трансфер на германскиот репрезентативец Каи Хаверц од „Стемфорд Бриџ“ на „Емирејтс“.
Според медиумите, двата лондонски ривали постигнале договор вреден 76 милиони фунти, а за комплетирање на трансферот преостанува Хаверц да ги договори личните услови со Арсенал и да ги мине задолжителните лекарски прегледи.
Хаверц ја почна кариерата во Баер Леверкузен од каде во 2020 година се пресели во лондонски Челзи.
Дваесетичетиригодишниот Хаверц во дресот на Челзи одигра 91 натпревар и постигна 19 голови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.