Волфсбург брзо најде замена за отпуштениот тренер на тимот Нико Ковач. „Волците“ официјално објавија дека нов тренер на тимот е Австриецот Ралф Хасенхутл.
Педесет и шест годишниот стручњак потпиша долгорочен договор со Волфсбург и во вторник ќе го одржи првиот тренинг на тимот. Хасенхутл последен пат беше на чело на Саутемптон помеѓу декември 2018 и ноември 2022 година. Тој исто така има искуство во Бундеслигата како тренер во РБ Лајпциг и Инголштад.
Со Лајпциг, Хасенхутл заврши на второто место во дебито на тимот во Бундеслигата и се квалификуваше за Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Следната година успева да го задржи местото на тимот во елитата, но заминува.
Како што е познато, Волфсбург е во криза, откако има 11 првенствени натпревари во низа без победа и запиша трет последователен пораз вчера против Аугсбург. „Волците“ се 14-ти на табелата и шест бода над местата за пласман во баражот.
Официјалното претставување на новиот тренер на тимот ќе биде утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.