Собранието на Фудбалскиот клуб Партизан од Белград, како член на Југословенското спортско друштво „Партизан“, донесе одлука условно да излезе од членство во ЈСД Партизан.
Ова е резултат на превирањата во ЈСД Партизан каде за местото прв човек се бореа Милорад Вучелиќ и Остоја Михаиловиќ.
Од ЈСД Партизан одговорија со соопштение во кое велат дека фудбалскиот клуб Партизан е клуб на сите партизановци, а не неколку луѓе кои мислат дека може да прават што сакаат.
Постојат правни норми регулирани во Статутот на ЈСД Партизан како може еден клуб да истапи од Друштвото. Треба да се истакне дека стадионот на Партизан е во сопственост на ЈСД Партизан и може да го користат само членови на Друштвото. Клуб кој ќе излезе од ЈСД, го губи правото на користење на името Партизан и на грбот на клубот, а со тоа и заедничкиот имот – велат од ЈСД Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.