Со голот кој го постигна синоќа во реванш четвртфиналниот натпревар против Баерн во Минхен, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, дојде до бројката од 35 голови во европското елитно клупско натпреварување.

Норвешкиот голгетер со тоа стана најмлад играч кој постигнал 35 голови, а воедно и најбрз според бројот на натпревари.

Халанд до бројката од 35 голови дојде на возраст од 22 години и 272 денови, соборувајќи го рекордот на Французинот Килијан Мбапе кому тоа му успеа со 23 години и 260 денови.

Уште поимпресивен е податокот дека Норвежанецот успеа да постигна 35 голови на само 27 натпревари кои досега ги одигра во Лигата на шампиони. Досегашниот рекорд го држеше Руд ван Нистелрој, кому за да дојде до бројката од 35 голови му беа потребни 42 натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.