Грција ги почитува основите права на притворените и го гарантира интегритетот на оние кои се наоѓаат во затворите, а во земјата функционира владеењето на правото, порача портпаролот на грчкото МНР Стратос Ефтимиу во врска со изјавите на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, кој рече дека хрватските навивачи се „воени заробеници“, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, Ефтимиу, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека „Владите на Грција и Хрватска од првиот момент се во комуникација за управување со ситуацијата настаната по трагичното убиство на грчкиот навивач“.
-Во Грција функционира владеењето на правото. Со почитување на основните права на сите оние кои се во привремен притвор, независното грчко судство ќе го суди случајот непристрасно и објективно. А грчката држава секогаш гарантира почитување на законитоста и интегритетот на сите оние кои се наоѓаат во затворите, рече портпаролот на грчкото МНР
Додаде дека изјавите кои ја искривуваат реалноста не помагаат во сегашните околности.
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ вчера истакна дека Грција има своја процедура, но тој како претседател на земјата е „субјективен и себичен кога се работи за хрватски заробеници“, порачувајќи дека „навивачите се заробени како да е војна“ и тоа „нема врска со законот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.