Младиот грчки фудбалер Јорданис Адамакис (22) загина во страшна сообраќајна несреќа кога се судриле два воза.

Амадакис кобниот ден бил на релација Атина-Солун, а според грчките медиуми неговото семејство не знаело дека тој бил во возот на смртта во моментот на несреќата.
Јорданис Адамакис кариерата ја започна во Врасида Неос Перам, во сезоната 2019/20 настапуваше за АОК од каде се пресели во Нестос, а потоа се врати во претходниот клуб.

Тој накратко ги бранеше боите на Родос, од кој замина во Теспротос, со кој се раздели во јануари годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.