Градскиот стадион е во очајна состојба.Она што беше гордост на Македонија на која ни завидуваа и земјите од регионот денеска е срам. Од доаѓањето на СДСМ на власт имаат „инвестирано“ само во промената на името и ништо повеќе.

Стадионот е застанат од времето на Супер купот во Европа кога беше нашминкан по сите стандарди.Сега објектот буквално се распаѓа. Ѓубре на сите страни, искршени тоалети, столчиња, новинарски ложи.

Во подтрибинскиот простор дури има и дупки кои зјаат празни. Но, не само тоа, во очајна состојба е и теренот кој на места е од „зелен позелен“ и како да е исфарбан на оние места каде што недостасува трева.

Се чини дека актуелната власт покрај тоа што не изгради ниту еден спортски објект не е способна ниту да ги одржува постоечките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.