Напаѓачот на минхенски Баерн и на германската репрезентација, Серж Гнабри ја повреди тетивата, што ќе го остави надвор од теренот до крајот на сезоната, а би можел да го пропушти и настапот на ЕУРО 2024 на домашен терен, објави денеска баварскиот клуб.
Гнабри се повреди во средата во поразот од Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите и ќе ги пропушти последните два натпревари во Бундеслигата во сезоната, се вели во соопштението на неговиот клуб.
Баварците не прецизираа колку време ќе отсуствува 28-годишниот фудбалер, но за рехабилитација од ваков тип на повреда вообичаено се потребни неколку недели.
Гнабри, кој последен пат играше за репрезентацијата во ноември во поразите од Турција и Австрија, веќе неколку пати оваа сезона беше надвор од терените поради проблеми со колкот, скршеница на подлактницата, кратко боледување и проблеми со мускулите.
Германија го отвора ЕУРО 2024 против Шкотска на 14 јуни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.