Оливие Жиру има поддршка од семејството на првенството во Катар. Неговата сопруга Американката Џенифер Жиру беше на трибините со своите деца.

Двојката има четири деца, а Оливие во неколку наврати нагласи дека немаше да има таква кариера доколку неговата сопруга не беше покрај него.

Џенифер покажа и дека е подготвена да му прости на сопругот за се, па и за изневерување. Имено, нивниот брак беше во криза во 2014 година, кога Жиру призна дека имал афера со манекенката Силија Кеј.

Оливие прво негираше дека ја донел Силија во неговата соба во хотелот „Фор сезонс“ во источен Лондон, а сето тоа се случило ноќта пред Арсенал да го победи Кристал Палас.

Силија ја докажа својата романса со Жиру со фотографија на Твитер, на која фудбалерот беше „разгаѓен“ во долна облека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.