Младиот репрезентативец на Германија, Јусуфа Мукоко ги коментираше расистичките навреди упатени кон него и  соиграчoт Џесика Нганкам.

Германија ремизираше 1:1 со Израел на Европското првенство до 21 година, а Мукоко и Нганкамо беа на удар на навивачите бидејќи и двајцата беа непрецизни од белата точка на овој меч.

Младите фудбалери претрпеа бројни расни навреди.

„Ако победиме, сите сме Германци. Ако изгубиме, има оние мајмунски крици. Џесика ги доби, јас ги добив. Такво нешто не е дел од фудбалот“.

„Не пропуштаме затоа што сакаме, само се трудиме да му помогнеме на тимот. Кога добивате такви пораки се чувствувате одвратно“, додаде младиот ас на Борусија Дортмунд.

Навредите на сметка на неговите играчи најостро ги осуди селекторот на Германија, Антонио Ди Салво.

„Не можете да контролирате сè на интернет, но дефинитивно треба да има казна. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, тие се Германци и даваат се од себе за оваа земја“, изјави разочараниот Ди Салво.

Вториот натпревар на Европското првенство Германија го игра в недела од 18 часот против Чешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.