Четворица членови на германскиот клуб од пониската лига Алеманија 05 загинаа во страшна сообраќајна несреќа во близина на Карлсруе.

Според полицијата, автомобилот со четворица се излизгал и излегол на спротивната сообраќајна лента каде се судрил со такси. Возачот на автомобилот и неговите тројца сопатници загинале на лице место.

Во сообраќајната несреќа загина и едно лице од таксито. Во него покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив за жал загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.