Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) планира да го продолжи договорот со селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Раководството на ДФБ сака сегашниот селектор да остане на својата функција и по Светското првенство во 2026 година.

-Ќе се обидеме да го убедиме Јулијан дека треба да остане во националниот тим уште неколку години“, го цитира „Sport1“ спортскиот директор на тимот Руди Фелер.

Нагелсман е тренер на германската репрезентација од септември 2023 година. Неговиот договор истекува во летото 2026 година.

Германската репрезентација предводена од 37-годишен стручњак одигра 16 натпревари – 9 победи, 4 нерешени и 3 порази. Нагелсман претходно беше тренер на Хофенхајм, Лајпциг и Баерн



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.