Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен.
Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство.
Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека се бараат по потерници.
Според организаторите, досега на ЕВРО2024 во Германија нема сериозни проблеми со однесувањето на навивачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.