Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0.

Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол.

Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето.

Второто коло во групата А ќе се комплетира вечерва по одигрување на дуелот меѓу Швајцарија и Шкотска. ег



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.