Момчето без долниот дел од телото кое се појави на отворањето на Светското првенство во Катар, не остави никого рамнодушен.

Ганим Ал Муфтах е роден со синдром на каудална регресија, ретко нарушување што го попречува развојот на долниот дел од ‘рбетот. Со оглед на многу малите шанси за преживување што ги даваат лекарите, вистинско чудо е што Ганим успеа да наполни 15 години.

Неговата приказна е вистинска инспирација и мотивација за лицата со попреченост ширум светот, како и за оние кои немаат телесен инвалидитет.

Момчето од Катар голем дел од својот успех им го должи на родителите кои инсистирале тој да води нормален живот, надвор од границите на неговите физички ограничувања, па успеал да создаде чудо.

Годишно добива експертска хируршка нега во Европа и е најмладиот катарски претприемач. Ја основал компанијата „Гариса сладолед“, која има шест филијали и вработува 60 вработени.

Исто така, од мали нозе се занимавал со спорт, поточно со пливање, нуркање, фудбал, планинарење и скејтборд. Сонува да стане параолимпиец, а на училиште играл дури и фудбал со патики на рацете!

Тој има уште една голема желба – да се искачи на врвот на Монт Еверест, а покрај таа желба има и големи животни амбиции, да студира политички науки, со цел да стане идниот премиер на Катар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.