Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија од 3-0 во првиот пријателски меч кој денеска се одигра во Тбилиси.

Првото полувреме мина без погодоци, но во вториот дел домашните фудбалерки беа поконретно и успеаа дури трипати да ја затресат нашата мрежа.

Резултатот го отвори Бебиа во 54 минута, а потоа на сцена стапи членот на Трабзонспор и воедно капитен на Грузијките, Чеминава која стрелаше во 62 и 83 минута.

Вториот тест меѓу овие две селекции е закажан за 28 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.