Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е уверен во своите играчи во пресрет на пресметката со Реал Мадрид. Првото издание на „Ел Класико“ сезонава е во сабота навечер од 21 часот на „Сантијаго Бербанеу“.

Германскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот увери дека ќе продолжи да се потпипра на висок пресинг и дефанзивна линија која ќе се позиционира високо на теренот, иако според некои тоа обезбедува одлични услови за брзите напаѓачи на „кралевите“.

-Нашата цел е да го извлечеме максимумот од тоа кога ја имаме топката. Во исто време, мора да бидеме компактни и да не оставаме празни места меѓу линиите. Нашиот настап во вториот дел против Баерн беше одличен. Сите момци даваат се од себе и паралелно се прилагодуваат на промените кога е потребно. Сите во тимот сфаќаат дека нашата уникатност е нашата најголема сила, истакна Флик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.