В сабота, на втори ноември во 12 часот, официјално ќе биде отворен новиот фудбалски терен на ФК Аеродром. Игралиштето е лоцирано во непосредна близина на училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Покрај новиот фудбалски терен, на настанот ќе биде промовирано и новото лого на ФК Аеродром и ќе биде прикажана новата маскота на клубот, наречена Дромко.

Настанот ќе биде збогатен со поздравни говори од министерот за спорт, Борко Ристовски, и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кои официјално ќе го отворат игралиштето. За музичка поддршка ќе биде задолжен DJ Мац, а химната на настанот ќе ја изведе нашата позната пејачка Сара Мејс.

Двочасовниот настан ќе биде исполнет со забавни активности за сите возрасти, меѓу кои специјален натпревар со познати личности и возбудлив детски турнир, каде што младите фудбалери ќе имаат можност за првпат да играат на новиот терен.

Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и организирање натпревари, претставувајќи идеална локација за сите спортски ентузијасти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.