Искусниот 68-годишен германски стратег Феликс Магат е назначен за нов тренер на бундеслигашот Херта, два дена откако клубот од Берлин му врачи отказ на досегашниот шеф на стручниот штаб Тајфун Коркут.
До тренерската смена дојде по серијата на Херта од девет натпревари без победа во Бундеслигата, вклучувајќи и пет врзани порази.
– Имав многу конкретни разговори со (генералниот директор на Херта) Фреди Бобич и свесни сме за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Сега е важно сите заедно максимално да се фокусираме на последните осум првенствени натпревари изјави, Магат.
Германскиот тренер има шампионски титули со Баерн Минхен (2005) и со Волфсбург (2009), а негов последен ангажман беше во 2017 година на клупата на кинески Шандог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.