Водечките екипи во Првата македонска фудбалска лига забележаа победи на натпреварите 16. коло одиграни денеска.

Шкендија како домаќин го совлада Шкупи, Силекс, исто така пред своите гледачи, беше поуспешен од Воска, додека Гостивар се радуваше на гостинска победа против Вардар.

Резултати на средбите од 16. коло одиграни попладнево:

Беса – АП Брера Струмица 0:1

Шкендија – Шкупи 2:0

Силекс – Воска Спорт 4:1

Струга ТЛ – Пелистер 1:0

Тиквеш – Работнички 0:2

Вардар – Гостивар 0:2.

Табела: Силекс 33 бодови, Шкендија 33, Гостивар 33, Работнички 31, Струга 29, АП Брера 19, Шкупи 16, Пелистер 16, Беса 13, Вардар 12, Воска 12, Тиквеш 10.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.