Вечерва од 21 часот во Берлин ќе се одигра големото финалет на фудбалското ЕП помеѓу Шпанија и Англија.

Шпанија е во поход на четвртата, а Англија на првата европска титула. Шпанците пехарот го освоија во 1964, 2008 и 2012 година, тиа имаат и една светска титула во 2010.

Од друга страна Англија на репрезентативно ниво низ историјата освоила само еден трофеј и тоа на Светското првенство во 1966 година.

Селекцијата на Шпанија важи за фаворит, ги доби сите шест натпревари во досегашниот тек од Европското првенство.

Шпанија последен пат играше во финалето на едно големо натпреварување во 2012 година, кога во финалето на Европското првенство во Полска и Украина ја победи Италија со 4:0.

На претходното Европско првенство во 2021 година, Англија играше во финалето против Италија и загуби со 5-3 на пенали.

Според информациите двете репрезентации ќе бидат комплетни. Дани Карвахал се враќа во тимот на Шпанија откако ја одработи суспензијата од еден натпревар.

Финалето ќе го суди 35.годишниот француски судија Франсоа Летисије



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.