Денеска на ЕП ќе ги добиеме патниците во осминафиналето од две групи каде од 18 часот играат Франција – Полска и Холандија – Австрија, а во вечерниот термин се дуелите меѓу Данска и Србија, како и Англија и Словенија.

Денот почнува со групата Д, во која речиси и да нема непознати, прашање е само по кој редослед репрезентациите ќе отидат во осминафиналето.

Франција и Холандија се сигурни, а Австрија ќе биде една од најдобрите четири третполасирани селекции.

Денеска Франција игра против Полска која беше првата селекција која официјално е елиминирана од Европското првенство.

Во 18 часот е и дуелот меѓу Холандија и Австрија. Австријците ќе се обидат да освојат барем бод со кој и теоретски ќе одат во нокаут фазата.

Многу поголема возбуда се очекува во Групата Ц. Натпреварите се од 21 часот.

Србија со победа над Данска ќе обезбеди осминафинале, но тоа нема да биде нималку лесен предизвик со оглед на играта на Данците во првите две кола.

Словенија ќе бара бод против Англија е главен фаворит на Европското првенство, но во првите кола не покажа ни малку од потенцијалот кој го имаат во составот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.