Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ги пофали своите избраници за зрелата игра против Јувентус.
Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, шпанскиот и италијанскиот клуб синоќа одиграа нерешено 1:1.
– Не се плашевме и се покажавме како зрел тим. Можевме да го израмниме резултатот во првото полувреме, но заслужено го направивме тоа во второто. Главната работа е што покажавме зрелост. Промашивме, но се вративме во игра, израмнивме и целевме на победа. Мора да одиме во Торино и да победиме. Нивното засилување Влаховиќ прави разлика на теренот. Погоди во првата минута и можеше да постигне повеќе. Тешко е да го задржите во текот на целиот натпревар. Но, генерално, сепак успеавме да ги исфрлиме него и Мората од игра, рече Емери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.