Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси ќе му биде на располагање на тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино за саботниот натпревар во американската МЛС лига против Филаделфија.
Меси својот последен натпревар го одигра пред два месеци кога во финалето на Копа Америка го повреди десниот зглоб.
Аргентина на тој натпревар ја совлада Колумбија и со тоа ја одбрани титулата на Копа Америка.
Меси последниот настап во дресот на Интер го имаше на 1 јуни.
Аргентинецот во досегашниот дел од сезоната одигра само 12 натпревари за Интер и постигна 12 гола со 13 асистенции, а тимот е убедливо на врвот во Источната конференција.
Лигашкиот дел од сезоната во МЛС завршува на 19 октомври, а потоа следи плеј-офот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.