Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам зборуваше за очекуваниот иден трансфер на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Договорот се уште не е официјално објавен, но јавна тајна е дека француската ѕвезда ќе го носи дресот на „белиот балет“.

Англичанецот изјави дека е среќен поради овој факт.

-Кој не би сакал да игра со играч кој е толку добар? На Мбапе нема да му биде лесно бидејќи очекувањата за него ќе бидат големи. Добро е што ме прашавте за мојата позиција следната сезона, но јас не избирам каде ќе играм и кој ќе биде привлечен. Но, сите знаеме кој е Килијан Мбапе. Секој би сакал да има таков играч покрај себе, но јас не сакам да ставам дополнителен притисок врз него. Ќе му биде тешко бидејќи сите ќе зборуваат само за него, но да, тој е доволно добар за да се справи, убеден е Белингем



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.