Турскиот фудбалер Кенан Јилдиз потпиша нов договор со Јувентус, соопшти денеска клубот од Торино. Како што беше најавено, деветнаесет годишниот Јилдиз потпишал договор со челниците на „старата дама“ до јуни 2029 година.

Се додава и дека од оваа сезона Јилдиз ќе го носи дресот со број 10 кој го носеа големите ѕвезди како Мишел Платини, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо…

Јилдиз минатата сезона влезе во првиот тим на Јувентус и постигна пет гола на 32 натпревари во Серија „А“ и Купот на Италија.

Младиот играч за врска е веќе стандарден репрезентативец, тој беше дел од репрезентацијата на неодамнешното Европско првенство каде Турција се пласираше во четвртфиналето. За Турција одигра 12 натпревари и постигна еден гол.

Потсетуваме, „старата дама“ влезе во нова ера, откако го замени Масимилијано Алегри со поранешниот стратег на Болоња, Тиаго Мота. Бразилско-италијанскиот стратег се одлучи за големи резови, па многу имиња кои играа во Торино минатата сезона нема да ги видиме во „црно-белиот“ дрес оваа натпреварувачка година.

Најголемото изненадување од реформите на Мота е тоа што во иднина нема да смета на Федерико Киеза. Поранешниот играч на Фиорентина ќе биде најбараниот играч во Серија „А“ до крајот на летниот преоден ро



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.