Арсенал е заинтересиран за крилниот напаѓач на Баерн, Кингсли Коман, пренесува „Football Insider“.
„Топчиите“ ја разгледуваат можноста да го ангажираат 28-годишниот Французин, кого клубот од Минхен е подготвен да го продаде ова лето.
Покрај Арсенал, за фудбалерот конкурираат и Манчестер сити, ПСЖ и Барселона.
Кингсли Коман игра за Баерн од август 2015 година. Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна пет гола и направи три асистенции на 27 натпревари за тимот.
Порталот Транфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.