Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, по вчерашната победа над Национал (3:1) во четвртфиналето на Лига купот на Португалија, одговори на прашање за заминувањето во Манчестер јунајтед.
На 29 октомври се дозна дека англискиот клуб се согласил да му плати на португалскиот тим 10 милиони евра обесштетување за 39-годишниот фудбалски стручњак.
-Уште ништо не е решено. Не знам дали ова е проштален натпревар во Спортинг. Дали ќе бидам на Олд Трафорд в недела? Ќе бидам во Лисабон, изјави Аморим за „Sky Sports“.
Според најавите од Манчестер, договорот на тренерот ќе биде според шемата „2+1“.
Аморим го води Спортинг од 2020 година. Под негово водство, тимот двапати стана шампион на Португалија, а исто така двапати го освои Лига Купот на Португалија и еднаш Суперкупот на земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.