Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле доживеа сообраќајна несреќа во неделата наутро кога неговото возило се судри со трамвај во близина на стадионот „Олимпико“ во Рим.
Како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело спорт“, до судирот дошло во моментот кога фудбалерот минувал преку мостот Матеоти, на само неколку километри од стадионот.

Едно лице било пренесено во болница, а самиот Имобиле избегал без сериозни повреди, што набргу по несреќата го потврди и на социјалните мрежи.

– Трамвајот помина на црвено светло. За среќа, добро сум, ме боли само раката – изјави капитенот на Лацио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.