Чешкиот репрезентативец, Јакуб Јанкто јавно ја откри својата сексуална ориентација, што е реткост во фудбалот.
Фудбалерот кој е во сопственост на Хетафе и кој оваа сезона игра на позајмица во Спарта Прага се јави со објава на социјалните мрежи и потврди дека е геј.
Јас сум хомосексуалец и повеќе не сакам да се кријам. Како и сите останати, имам свои силни страни и свои слаби страни, имам семејство, имам пријатели и имам работа која ја работам со години. Играм фудбал со професионализам, чест и страст, исто како и сите останати. Сакам и јас да бидам како останатите, да живеам слободно, без страв и без поставени граници, без насилство и со многу ЉУБОВ. Јас сум геј и не сакам да се кријам повеќе“, порача Јанкто,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.