Случувањата во грчкиот и европскиот фудбал ќе бидат во фокусот на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на УЕФА Александар Чеферин закажана за в среда, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска имал телефонски разговор со Чеферин и се договориле да се сретнат в среда во Атина, додека пак по нивната средба, грчкиот премиер ќе одржи состанок на кој освен претседателот на УЕФА и надлежните министри, поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

В среда на стадионот на Олимпијакос во Пиреас ќе се одржи финалето од Суеперкупот меѓу Манчестер Сити и Севиља



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.