Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, кој со Шпанија ја освои титулата светски првак во 2010 година, објави денеска крај на репрезентативната кариера.

-Сакам да објавам дека по речиси 15 години и 143 одиграни натпревари дојде моментот да се простам од шпанската репрезентација, напиша 34-годишниот Бускетс на социјалните мрежи.

-Ми беше чест да ја претставувам својата земја и да ја донесам до највисоко ниво, да бидам светски и европски првак, капитен и да одиграм толку многу натпревари, со повеќе или помалку, но секогаш давајќи сè од себе, додаде Бускетс.

Фудбалерот на Барселона ја напушта репрезентацијата како трет играч со најмногу настапи во историјата по дефанзивецот Серхио Рамос (180) и голманот Икар Касиљас (167).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.