Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ по синоќешниот меч е задоволен од играта и тоа што конечно по четири години успеаја да победат на гости.
„Одигравме добар натпревар и Бугарија по четири години победи на гости. Не треба да се измислува топла вода во фудбалот. Без атмосфера и желба не може да се нарави ништо во репрезентација. Голема е разликата во клуб и репрезентација и се е до атмосферата и мотивацијата. Никој не веруваше во нас пред овие два меча. Едноставно моравме да направиме рез. Јас бев победник како играч, тоа сакам да бидам и како селектор. Не е лесно да се игра пред овие прекрасни навивачи од 15/20 илјади луѓе овие млади играчи да го издржат притисокот и да стигнат до победа“, изјави Крстајиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.