Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш го истакна одговорот на Кристијано Роналдо кој периодов е изложен на критики поради слабите игри во неговиот доскорешен клуб Манчестер јунајтед.
– Мислам дека тој ужива да работи во средина каде што сите го критикуваат, затоа ве молам сите: продолжете. Го гледаме најдобро кога го критикувате.
Да се игра со Роналдо за клубот и за репрезентацијата е остварување на сонот, нешто посебно. Сега за мене главно е Португалија да се претстави што е можно подобро. Во овој случај Роналдо ќе биде среќен, и јас, и цела Португалија ќе биде среќна, изјави Фернандеш.
Роналдо беше стрелец на првиот гол за Португалија на вчерашниот натпревар со Гана (3:2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.