Македонскиот претставник во фудбалската младинската Лига на шампиони, Брера Струмица, го доби за противник Сараево на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион со која беа одредени паровите за воведното квалификациско коло.
Својот премиерен настап на европската сцена младинците на Брера Струмица ќе го имаат на 18 овој месец на домашен терен, додека реваншот е закажан за 3 октомври.
Победникот од пресметката меѓу младинските шампиони на Македонија и на БиХ во второто квалификациско коло ќе игра против израелскиот првак Макаби Петах Тиква.
Од оваа година за прв пат во младинската Лига на шампиони учествуваат претставници од сите 54 земји членки на УЕФА, а Брера Струмица ќе се обиде да стане првиот македонски клуб што ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.