Голманот на софиска Славија, Георги Петков, со 47 години стана највозрасниот играч кој настапил во бугарската фудбалска лига.

Петков во натпреварот од 14. коло во бугарското првенство против Хебар Пазарџи влезе на теренот во судиското продолжение кога домашниот тим требаше да изведе пенал.

Петков го одбрани ударот од белата точка што го изведе Георги Валчев, но судијата го повтори пеналот. Највозрасниот во историјата на бугарскиот фудбал и во повторениот обид беше блиску до одбрана, но топката, сепак, влезе во мрежата на Славија за конечен триумф на домаќините од 1-0.

„Петков е многу искусен и итар голман. Не е случајно што толку многу години е во фудбалот. Мило ми е што во вториот обид успеав да го совладам“, рече Валчев за бугарските медиуми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.