Легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи почина на 59-годишна возраст, оставајќи зад себе длабока трага во светот на фудбалот.
По неколку дена поминати во болница поради тешка пневмонија, Скилачи за жал не успеа да се опорави. Неговата битка со ракот на дебелото црево траеше со години, но последните компликации беа премногу тешки.
– Ве известуваме Салваторе Скилачи, кој претходно бил хоспитализиран во оваа болница, починал во 9:55 часот. Раководството и персоналот се со семејството, сеќавајќи се на љубовта во која секогаш уживал големиот шампион – стои во официјалното соопштение на болницата во Палермо.
Во текот на својата богата кариера, Скилачи ги носеше дресовите на клубови како Месина, Јувентус, Интер и јапонскиот клуб Ивата. На Светското првенство во Италија во 1990 година стана најдобар стрелец со шест гола, а со Јувентус и Интер го освои трофејот во Купот на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.