Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Сол Бамба, почина на 39-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди турскиот клуб Аданаспор, каде поранешниот ас на бројни прволигаши работеше како технички директор.
На нашиот технички директор Сол Бамби му се слоши пред мечот со Манисаспор. Тој беше пренесен во болница, каде ја загуби битката за животот“, соопштија од клубот.
Бамба зад себе ги остави сопругата и четирите деца.
Пред три години, додека играше за Кардиф, на поранешниот фудбалер му беше дијагностициран Хочкинов лимфом, малигно заболување на лимфоцитното ткиво. Се врати по неколку месеци, по домашна терапија и играше за клуб од Велс, подоцна Мидлсброу и уште еден англиски второлигаш.
За жал, болеста неодамна повторно се врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.