Стрелецот на Македонија синоќа на Градски, кој растури со голови во Шкотска, а наскоро ќе го гледаме во Лига на шампиони во дрес на шпански прволигаш, се најде во интересно и славно друштво.
Запознајте го TransferFeed, стартап од Лондон специјализиран за податоци за фудбалски трансфер гласини, одлично скоцкан од наши луѓе кои ни пишаа да го ѕирнеме.
Со помош на новата технологија за вештачка интелигенција и четири клучни критериуми за анализа на милиони точки на податоци, ги идентификувавале играчите кои беа во центарот на вниманието и предмет на најинтензивните шпекулации ова лето.
Така ја создале листата на Топ 100 ѕвезди на трансфер листите ова лето.
Меѓу нив има едно име од Македонија, а тоа е Бојан Миовски за кој пишуваат дека интерес имало од Болоња, Џенова, Еспањол и Саутемптон, а тој на крај ја одбра Жирона.
Се работи за 4 годишен договор потпишан на 15 август.
Неговиот прогрес во кариерата, кој му се случи рапидно во две голгетерски сезони во Абердин, за кои доби награди и признанија, му ја зголеми и вредноста.
Абердин го ангажираше од МТК, Унгарија за 650.000 илјади евра, а во Шпанија го продаде за 8 милиони евра.
На првите четири позиции на оваа листа се Дани Олмо, Федерико Киеза, Виктор Осимен и Рикардо Калафиори.
За да ја видите целата листа стиснете ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.