Новиот италијански фудбалски прволигаш Комо денеска официјално објави дека првиот тим од следната сезона ќе го тренира 37-годишниот Шпанец Сеск Фабрегас.
По 21 година, Комо обезбеди настап во италијанската Серија А следната сезона, а и Фабрегас има помал удел во сопственоста на овој клуб.
Во ноември минатата година, Фабрегас стана привремен прв тренер, но таа должност можеше да ја извршува само еден месец бидејќи во тоа време не ги исполнуваше пропишаните услови на УЕФА.
Потоа Комо го ангажираше Велшанецот Робертс, додека Фабрегас беше негов прв асистент. Во меѓувреме, легендарниот Шпанец ги исполни сите услови, а Комо му го довери првиот тим при влегувањето во Серија А.
Комо и Фабрегас потпишаа четиригодишен договор.
Во текот на својата играчка кариера, Фабрегас играше за Арсенал, Барселона, Челзи и Монако, додека на самиот крај, во текот на 2022 и 2023 година, го носеше дресот на Комо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.