Кауцијата од милион евра која му помогна на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш да излезе од затвор, ја обезбеди познат бразилски магазин, пренесува „Мундо Депортиво“.

За возврат списанието ќе добие ексклузивен материјал за животот на Алвеш. Предвидено е да се направи интервју во формат на документарно видео, во кое ќе се истакне приказната за поранешниот фудбалер.

На 25 март Алвеш беше ослободен од затвор со кауција од 1 милион евра. Беше објавено дека на 40-годишниот Бразилец ќе му го одземат пасошот и ќе треба да се јавува на суд еднаш неделно.

На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во каталонската престолнина во 2022 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.