Во понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 20:45 часот)

Северна трибина

Блок 13 и 19 400 денари

Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 400 денари

Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.