Поранешниот аргентински репрезентативец, Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. По неколку хоспитализации, неодамна тој заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.
Шпанскиот спортски дневен весник „Марка“ пишува дека лекарите утврдиле што не е во ред со Лавеци. Му дијагностицирале хипоманија, односно хронично нарушување на расположението.
Езекиел не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психолошко нарушување кое може да предизвика да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори, вели адвокатот на Лавеци.
Тој објаснува дека една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.
Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.
Кога играше во кинескиот клуб Хебеи, Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот – заработуваше над 20 милиони долари за сезона. Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.