Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, откри како на неговата кариера влијаело заминувањето на Португалецот Кристијано Роналдо од мадридскиот клуб. Фудбалерите играа заедно за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година.

-Беше чест да се игра со него, тој е ѕвер. Кога замина, имав желба да направам повеќе. Неговото заминување беше мотивација да направам повеќе на теренот, ги цитира зборовите на Бензема весникот „Марка“.

Триесет и четиригодишниот Французин проговори и за својот омилен играч.

-Роналдо (Бразилецот) е мојот идол, верувам дека нема друг напаѓач како него. Невозможно е да се повтори тоа што го направи на теренот, замина во историјата. Тој е единствениот напаѓач за кого немо би седел на клупата. Тој е на недостижно ниво. Како и Зидан. Роналдо е феномен не само за мене, туку и за сите напаѓачи, изјави Бензема.

Синоќа Карим Бензема ја освои Златната топка за 2022 година. Минатата сезона ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите со Реал Мадрид, со што стана најдобар стрелец на двата турнири



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.