Наполи се договорил за трансферот на напаѓачот на Бенфика, Давид Нерес, објави новинарот Николо Шира.

За 27-годишниот Бразилец италијанскиот клуб ќе плати 28 милиони евра. Се очекува Наполи денес да се официјализира трансферот.

Нерес за Бенфика игра од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24, тој постигна пет гола и направи 10 асистенции на 35 натпревари.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.