Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, стана вториот играч во историјата на „Кралскиот клуб“ кој постигнал гол на секој од нивните први три натпревари во Лигата на шампионите.
Белингем вчеравечер постигна гол против Брага (2:1) во натпреварот од 3. коло на групната фаза во елитното натпреварување.
Во првите две кола, 20-годишниот Англичанец се запиша во листата на стрелците на натпреварите со Унион Берлин (1:0) и Наполи (3:2).
Претходно, само Кристијан Карембеу постигна гол на секој од првите три натпревари на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој го направи тоа во 1998 година.
Белингем во летниот преоден рок се пресели во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Одигра 12 натпревари, постигна 11 гола и три асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.