– Во првото овосезонско “Ел Класико” во шпанското првенство триумфираше Реал Мадрид, откако Кралскиот клуб со пресврт ја совлада вечерва Барселона со 2-1(0-1).
Каталонскиот клуб дојде во водство во 7. минута преку Илкај Гундоган, а во продолжението играчите на Барселона два пати ја погодуваа рамката на голот на Реал.
Казната за пропуштените шанси дојде на спротивната страна во 68. минута кога Џад Белингем израмни на 1-1, а најдобриот стрелец во Ла Лига го комплетираше резултатски от пресврт во втората минута од судиското продолжение со својот десетти гол сезонава.
Барселона го пречека големиот ривал пред 55.000 гледачи на стадионот „Монтжуик“ поради реконструкцијата која е во тек на „Камп Ноу
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.