По повторното апсење на Дарко Шариќ се разоткри и вмешаноста на балканската мафија во шверц на дрога од Јужна Америка во Европа. Неколку години повеќе полиции во Европа и Јужна Америка го следеле нивниот финансиски тек бидејќи дошле до сознанија дека се переле пари преку фудбалски клубови.
– Благодарение на работата што ДИПОЛ ја направи во Колумбија, стана познато како се поврзани со светот на фудбалот. По продажбата на одредени играчи следела и трага за перење пари што ја стекнале преку шверц на дрога – наведува истрагата.
Небојша Прелевиќ е клучна личност на „Балканскиот картел“. Прво бил стациониран во Малага, а најчесто патувал во Мадрид и Барселона, како и во Србија, Унгарија и Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.