Роберт Левандовски утре, 12 јули, треба да пристигне на локацијата на минхенскиот клуб. Полскиот фудбалер најави дека ќе биде во тимот.

Раководството на Баерн, исто така очекува напаѓачот да се појави во клупската база и да го одработи утрешниот тренинг, пишува новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Флоријан Плетенберг.

Сепак, Левандовски сака да се пресели во Барселона, но Баерн ја смета моменталната понуда за прениска.

Германскиот клуб сака да добие најмалку 50-55 милиони евра без бонуси за напаѓачот, чиј договор е со важност до летото 2023 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.